OneNote

Повратни информации
Пријавување
  • Outlook.com
  • Луѓе
  • Календар
  • OneDrive
  • Word
  • Excel
  • PowerPoint
  • OneNote
  • Sway
  • Skype
  • Office
  • Flow

Начини за да бидете успешни на училиште со OneNote

ПИШУВАЈТЕ ОДЛИЧНИ БЕЛЕШКИ
РАБОТЕТЕ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ
ЗАВРШЕТЕ ЈА ДОМАШНАТА ПОБРЗО

Пишувајте одлични белешки

Сликајте бели табли

Набрзина сликајте ја белата табла, слајдот или документот. OneNote ќе ги скрати и подобри за да бидат полесни за читање. Ќе го препознаеме и напишаниот текст за да може подоцна да го пребарате.

Правете скици или пишувајте рачно

Нацртајте го дијаграмот од таблата со пенкало. Рачно пишувајте ги сите белешки доколку тоа ви е поприродно од пишувањето со тастатура.

Сними аудио

Не запишувајте го секој збор од лекцијата - само најважните делови. OneNote ги поврзува вашите белешки со аудиото, така што веднаш може да слушнете што се кажало за секоја белешка.

Создавајте списоци со задачи и друго

OneNote е дизајниран да биде брз и флексибилен за текст, списоци со задачи и табели. Не грижете се за распоредот, пишувајте каде што сакате на страницата.

Работете со пријателите

Споделувајте со сите

Доколку ја имате нивната е-пошта, може да споделувате со нив. Започнете лесно и брзо.

Уредувајте заедно во реално време

Работете заедно во реално време без разлика дали сте во истата просторија или на различни места во универзитетскиот комплекс. Ознаките за ревизија ви кажуваат кој на што работи.

Работете од кој било уред, каде и да сте

Може да работите заедно од секаде и на кој било уред додека сте на час, во својата соба, во компјутерската лабораторија или во кафуле. OneNote автоматски се синхронизира за да зачува сѐ, дури и ако некој се исклучи.

Завршете ја домашната побрзо

Создајте исечок од веб

Веб-истражувањето е суштинско за повеќето проекти. Сликајте ја која било веб-страница од кој било прегледувач со еден клик. Напишете белешки за страницата во OneNote.

Пишувајте белешки во слајдовите и документите

Чувајте ги слајдовите и листовите од лекцијата заедно со белешките. Пишувајте белешки врз нив или покрај нив со тастатура или пенкало.

Распоредете ги своите мисли каде било

Пишувајте врз фотографиите или отпечатоците. Организирајте се како со лепливи ливчиња за белешки со цел вашите идеи да имаат смисла. Коментирајте едноставно со пишување на марините.

Бидете организирани, бидете успешни на училиште

Сакате датотеки или купчиња? OneNote ги сака и двете. Организирајте ги белешките и проектите со создавање тетратки и секции. Пребарувајте го и лесно најдете го текстот што сте го напишале рачно или со тастатура или што сте го исекле.

Преземете го OneNote бесплатно

OneNote

Бесплатен за сите студенти
Бесплатно преземање
Windows, Mac, iOS и Android.
Не сте сигурни? Explore Sample Notebooks

OneNote со Office 365

Бесплатен во квалификуваните училишта
Провери квалификуваност
Преземете ги OneNote, Word, Excel и PowerPoint на своите уреди.
Измени го јазикот
Приватност и колачиња Правен дел Трговски заштитни знаци Изјава за приватност за податоци за здравствената состојба на потрошувачите © 2025 Microsoft.com